Ришарлисон е на прегледи, попладнево ќе стане ново засилување за Тотенхем

199

Тотенхем го заврши договорот за ангажман на бразилскиот напаѓач Ришарлисон од екипата на Евертон. Според пишувањата на авторитетните англиски изданија бразилскиот репрезентативец се согласил на петгодишен договор, по неколкуте напорни и очигледно тешки денови за преговори со Евертон. „Карамелите“ на крајот прифатиле договор за отштета кој може да порасне и до 60 милиони фунти.

Доцна попладнево се очекува соопштение од Тотенхем со кое ќе се потврди трансферот, откако фудбалерот ќе ги мине лекарските прегледи.

ПретходноПрв работен ден: Валтер стартуваше со работа во Е. Пелистер (ВИДЕО)
СледноЧетворица Албанци, Шпанец и Романец ја ограбиле куќата на Роналдо на Ибица!