Кадетите претрпеа и втор пораз, ќе се борат за пласман на 5. место

167

Македонската одбојкарска репрезентација во кадетска конкуренција загуби и на вториот меч од Балканското првенство во Нови Сад. По неуспехот против Молдавија со 3-1, македонската машка одбојкарска репрезентација за играчи до 18 години го загуби и натпреварот со Бугарија, во последното, трето коло од групата “Б” на Балканското првенство во Нови Сад.

По овој пораз, Македонија сега ќе играат за пласман од 5-то до 7-то место. Избраниците на селекторот Ванче Санев го освоија третото место во својата конкуренција, па утре ќе се соочат со Босна и Херцеговина во првиот меч за пласман од петтата до седмата позиција на Балканијадата за играчи родени во 2005-та или подоцна.

ПретходноБарса продаде ТВ-права за 25 години, за да го покрие минусот од 150 милиони евра!
СледноНекогашниот играч тврди: Роналдо на 7 јули може да стане играч на Рома