Белгиецот Фајсел Касми е најновото засилување на Брегалница за новата сезона.
26-годишниот Касми, кој е централен играч за врска, е со извонредна фудбалска биографија настапувајќи шест години во белгискиот шампионат во редовите на Лирс, Стандард Лиеж, Жерминал Бершот, Жил и Висе, а во сезоната 2020/2021 беше дел и од бугарскиот прволигаш Черно Море. Неговиот последен клуб е Дофар од Оман, од каде сега доаѓа како големо засилување во Брегалница.
Касми се обврза на двегодишна верност на Брегалница, со договор до јуни 2024 година.
„Доаѓам во Македонија со отворена желба, со сето мое интернационално искуство да допринесам Брегалница да дојде до посакуваните цели и амбиции. Многу слушав за овој клуб пред да дојдам, знам дека има и максимално верни навивачи кои секогаш се со клубот, и за мене навистина ќе биде чест да го носам синиот дрес“ – истакна Касми по промоцијата во дресот на Брегалница.