Надал без проблеми против Сонего…хаос на мечот Циципас – Кирјос! (ВИДЕО)

381

Рафаел Надал на рутински начин, без никаков проблем со 3:0 го победи Италијанецот Лоренцо Сонего и се пласира во осминафиналето на Вимблдон. Во текот на мечот Рафа беше далеку подобар, ја искажа својата класа и успеа да победи. Во гемови беше 6:1, 6:2 и 6:4.

Инаку вистински хаос се случуваше на мечот меѓу Циципас и Кирјос, кој додека ова го пишуваме резултатот во сетови беше 2:1 за тенисерот од Австралија.

Имаше што да се види, а најинтересно беше кога Циципас се чини намерно го гаѓаше со топчето својот противник. Потоа Циципас удри и еден навивач со топчето, а Кирјос побара да биде дисквалификуван.

ПретходноИнтересно: Македонските и украинските кошаркари заедно “летаа“ од Истанбул до Скопје! (ФОТО)
СледноПромоција: И Бразилецот Вагнер во нападот на тетовци!