Искусниот играч за врска Мухамед Усеини својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Приштина.
Овој клуб и официјално се пофали деенска со својот нов играч кој секако дека ќе биде голем плус за шампионатот кој претстои.
Усеини е некогашен капитен на тимот на Шкендија, и играч со кој овој тим ги доживеа најголемите успеси како на домашна така и на интернационална сцена.
Тој досега беше дел од тимот на Гњилане исто така во шампионатот на Косово, а во ПМФЛ настапуваше уште и за Ренова односно Работнички, како и за Фљамуртати во Албанија.