Страотен излет на Кинезот Жу, прекин на Британското ГП (ВИДЕО)

335

Практично штом се запалија зелените светла на стартот на трката за ГН на Британија на патеката Силверстоун, по само неколку свиоци, се активираше црвеното знаме и сите болиди беа испратени во боксот.

Имено, уште во првиот свиок дојде до сериозен инцидент меѓу неколку болии, па директорот на трката немаше друг избор освен да ја прекине трката.

Жу од Алфа Ромео леташе низ воздухот, но за среќа кинескиот возач е добро и се спаси неповреден. Од трката отпаднаа и Џорџ Расел, Јоки Цунода и Алекс Албон.

Макс Верстапен уште на стартот го престигна Карлос Саинц и го освои првото место, додека одличен беше и Луис Хамилтон кој стигна до третата позиција.

ПретходноРуски хокеарски репрезентативец приведен поради избегнување воена служба
СледноЛиепаја се откажа од ангажман на Шишковски