И младинците им одржаа лекција на Бугарите!

242

Македонската машка селекција „Под 20“ години запиша победа на првиот од двата планирани натпревари на гостувањето во Софија. Избраниците на селекторот Никола Василев славеа победа над соодветната селекција на Бугарија со резултат (66:54).

По израмнетата прва четвртина (16:16), нашите млади кошаркари одиграа подобро во втората, тука ја направија разликата, на полувремето заминаа со двоцифрена предност на полувремето (41:28).

На стекот на третиот дел од мечот предноста беше (60:36) за мирна завршница

Амар Хот со 17 поени беше прв стрелец во редовите на Македонија, десет поени запиша Миловановиќ.

Двете селекции ќе одиграат уште еден меч, утре изутрина, по што нашата млада репрезентација се враќа во Скопје, каде ќе продолжи со подготовките.

ПретходноПроблемот со струјата не се реши: Србија и Белгија продолжуваат утре!
СледноМанчестер Ј. му дава 150.000 фунти неделно, но тој чека да види со кого би играл во тимот