Искусниот стратег Никола Кузманов, повеќе не е дел од тимот на Слога Виница.Човекот кој во изминатиот ВМФЛ Исток шампионат од овој клуб направи најголемо изненадување, и беше на чекор до влез во првата лигса летово си заминува иако реално под негово водство Слога функционираше и повеќе од добро.
„Финансиите се главната причина поради која што заминувам. И посакувам на Слога многу успеси во иднина и да го преброди тешкиот период, па повторно да застане на здрави нозе“ – ни изјави Кузманов.