Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Египет во полуфиналето на Медитеранските игри во Оран и со тоа се најде во ситуација да брка бронза. А познат е и ривалот, тоа е репрезентацијата на Србија која загуби во интересен меч со Шпанија со 42:38. По првото полувреме резултатот беше неизвесен, а Шпанија на полувреме замина со минимални 22:21. Но во решавачките моменти во вториот дел Шпанците се одлепија и со тоа го поплочија патот до финалето.
Па така Македонија против Србија ќе се обиде да дојде до бронзените медали.