Весникот „Ле Паризиен“ пишува дека екипата на ПСЖ е подготвена да плати и 50 милиони евра за 23-годишниот напаѓач на Сасуоло, Џанлука Скамака.
Договорот треба да биде затворен следната недела. Клубовите речиси се договориле за трансферот на Скамака, а преговорите стигнаа до финишот и само треба да се прецизираат одредени детали.
Минатата сезона Скамака постигна 16 гола на 36 натпревари во Серија А и стана најдобар стрелец на Сасуоло.