„Ле Фигаро“: Галтие потпиша 2-годишен договор и стана нов тренер на ПСЖ!

142

Французинот Кристофер Галтие е новиот тренер на Пари Сен Жермен. Тој денеска потпиша двегодишен договор со „светците“ и со тоа го наследи Аргентинецот Маурисио Покетино на клупата на парижаните.

Галтие се прослави во Лил, со кого пред две сезони сензационално ја освои шампионската титула, оставајќи го Пари Сен Жермен зад себе.

Минатата сезона 55-годишниот ја водеше Ница, но ПСЖ го откупи неговиот договор за 10 милиони евра и го доведе на „Паркот на принцовите“, иако јавноста очекуваше многу поголемо тренерско име.

Новиот спортски директор Луис Кампос се одлучи за Галтие, откако пропаднаа преговорите со Зинедин Зидан.

ПретходноШвајцарец во 2004 година отишол на „Сан Сиро“ да навива за Базел, па му требале 10 години да се врати дома!
Следно„Серуска Спартакијада“: Русите во август прават своја Олимпијада со над 13.000 спортисти