Норвешкиот напаѓач, Ерлинг Халанд неодамна потпиша договор со Манчестер Сити. Тој сигурно ќе биде големо засилување за англискиот клуб во кој стигна од Борусија Дортмунд за 80 милиони евра.
Норвешкиот напаѓач, Ерлинг Халанд неодамна потпиша договор со Манчестер Сити. Тој сигурно ќе биде големо засилување за англискиот клуб во кој стигна од Борусија Дортмунд за 80 милиони евра.
Сити ја активираше неговата откупна клаузула и успеа да го донесе Халанд за мала сума на пари од она што се очекуваше. Халанд доби голема плата, а во неговиот договор има интересни детали и клаузули.
21-годишниот фудбалер потпиша договор до 2027 година и неделно ќе заработува 400.000 евра.
Англиските медиуми ја открија клаузулата која ќе биде активирана во 2024 и 2025 година. Во 2024 година тој ќе може да си оди од тимот, а заинтересираниот клуб ќе треба да му плати на Сити 200 милиони евра. Година дена подоцна ќе се активира втората клаузула според која тој би можел да си оди за 175 милиони евра.
Халанд би можел да биде на мета на Реал Мадрид, како што пишува АС, кој ќе може да го купи веќе во 2024 година за 200 милиони евра.