Тешка и маратонска победа за Калин Ивановски во 1/8 финалето од јуниорскиот турнир на Вимблдон. Македонскиот супер талент во тешка битка и три сета успеа да се избори за својот најголем успех на гренд-слем турнирите. Ивановски е меѓу најдобрите 8 во својата конкуренција откако славеше над Едас Бутвилас од Литванија. Во сетови 6:4, 5:7 и 6:0 за голем успех на нашата голема тениска надеж. Тој слави над тенисерот кого и лани го победи на Вимблдон но во второто коло.
Македонецот имаше одличен влез во мечот, сугурен прв сет со одличен сервис и контрола на играта. Проблеми се појавија во вториот сед кога Ивановски направи брејк, но потоа настана „паника“ по која Бутвилас направи два брејка и стигна до 7:5.
Сепак кога беше најпотребно Ивановски беше најсигурен и убедлив. Влезе во третиот одлучувачки сет на фуриозен начин и со перфектно 6:0 стигна до големата победа издвојувана по два часа игра. Во ¼ финалето Калин Ивановски ќе се судри со подобриот од дуелот Артнак (Словенија) – Роданес (Шпанија).