Макеоднскиот тенисер Калин Ивановски направи подвиг со тоа што стана првиот македонски тенисер што стигнал во четвртфинале на еден Гренд слем турнир. Калин игра во јуниорска конкуренција на Вимблдон и го направи најголемиот успех во својата кариера но и на македонскиот тенис.
Неговиот настап привлече внимание меѓу тениските љубители, па даде интервју во кое се опиша себе си, чувството да се игра на Вимблдон но го „чепнаа“ и за мангупскиот потег во 2. коло и оној сервис меѓу нозе за победа.
Какво е чувството да си четвртфиналист на Вимблдон?
„Неверјатно. Ова е прекрасно искуство, претходно се радував на 3.коло, сега стигнав до четвртфинале што е мој најголем успех во кариерата. Целото ова место е фантастично. Не сум навикнат на вакво нешто, јас доаѓам од мала држава Македонија тоа што играм тука и ја претставувам мојата држава е голема работа за мене. Горд сум што ја претставувам Македонија, сакам да играм за Македонија, играм за неа и во Дејвис купот што ми дава дополнително задоволство“.

Твојата држава не е позната по тенисот, па како ти стигна да играш тенис и да бидеш дел од големите турнири, меѓу кои и Вимблдон?
„Почнав да играм фудбал како секое момче, а сестра ми играше тенис и поради неа почнав и јас да играм тенис. Тогаш имав четири години и потоа не ме интересираше ниту еден друг спорт освен тенисот“.
Кажи ми за оној сервис пред некој ден? (Победничкиот поен со сервис под ногата што предизвика големо внимание на Вимблдон)
„Знам дека има различни мислења околу тој поен. Искрено, не го направив да го омаловажам противникот, видов дека имам голема резултатска предност и си реков ајде да пробам. Претходно го вежбав тоа на тренинзи и реков, кога ќе бидам во ситуација да имам убедлива предност ќе го пробам и излезе супер“.
Кој е Калин надвор од тениските терени?
„Се сметам себе си за опуштено и забавно момче кое сакам да запознава луѓе, сака друштво, а и имам многу пријатели од различни држави“
Велиш дека си почнал да тренираш фудбал, кој ти е омилен фудбалски клуб?
„Барселона“










