Тенисер бесен на „хок-ај“: Не играм додека не ја изгасите таа машина

368

Британецот Џо Салисбери неговиот партнер Американецот Раџев Рам се заканија со штрајк поради еден момент за време на мечот против француското дуо Махут и Роже-Васелин на Вимблдон.

Во вториот сет, противниците одбработија бекхенд, а Салисбери го остави топчето мислејќи дека е аут, а судијата го покажа спротивното. Судијата се потрпе на „хок-ај“ системот кој покажа дека топчето завршило на линијата што значи дека поенот го добиваат Французите.

На тоа остро реагираше Салисбери:
Изгаснете ја таа машина. Нема да играме додека не ја изгаснете. Очигледно е дека греши. Нема шанси топчето да завршило во поле. Доведете ми го организаторот“.
По неколку минути потпаролот на турнирот објасни дека неосновани се обвинувањата на тенисерот и дека мечот мора да продолжи.
Човеку, очигледно е дека машината греши. Нема шанси топчето да завршило внатре. Изгледа ќе треба сите да одиме на очен преглед“, додаде Салисбери.
По неколку минутна конверзација, страстите се смирија и мечот продолжи.
Салисбери и Рам го добија дуелот на крајот.

ПретходноШкендија ќе “пука“ од сите оружја: Хасани, Стојановски, Дориев, Гури, Вагнер… (ФОТО)
СледноНајмалиот син на Диего Симеоне потпиша за Сарагоса