Холандскиот шампион Ајакс се пофали со нов фудбалер. Се работи за повратник во редовите на „копјаниците“, Стивен Бергвајн кој стави потпис на петгодишен договор. Инаку Бергвајн е дете на Ајакс, а во 2020 година отиде во Тотенхем.
Две години подоцна Холанѓанецот се враќа. Ајакс го плати 31,25 милиони евра што е најскапиот трансфер во историјата на Ердивизијата, уривајќи го претходниот рекорд што го држи амстердамскиот клуб со трансферот на Себастијан Але во 2021 година за 22,5 милиони евра.
Бергвајн за две години во Тотенхем одигра 60 натпревари во Премиер лигата, на повеќето од нив не беше стартер. За Холандија има 22 настапи и 6 гола.