Македонскиот лев бек, Тоше Ончев кариерата ќе ја продолжи во словенечкиот Тримо Требње. Двете страни се договорија за тригодишна соработка, а Ончев во Словенија оди од Работнички.
Тој имаше добра сезона во Работнички, со своите голови и добри настапи успеа да му обезбеди опстанок на клубот. Претходно играше и за клубови од Грција и од Франција.
„Горд сум што ќе ги бранам боите на Тримо во наредните три сезони. Едвај чекам да работам со ракометна легенда како Урош Зорман и верувам дека можам да бидам дел од убава приказна во иднината на тимот“, изјави Ончев.