Новитетот во тимот на Ливерпул, дефанзивецот Калвин Ремзи кој пристигна од Абердин пред само неколку дена всушност на „Енфилд“ пристигнал повреден. Лекарските прегледи тоа го утврдиле и тој нема да биде дел од првиот тест меч летово против тимот на Манчестер Јунајтед.
Истиот се игра во рамките од турнејата на далечниот исток, односно мечот се игра во Тајланд.
„За жал, Калвин во моментов не тренира со нас бидејќи има мала повреда. Никој не знаеше, ја најдовме на лекарски прегледи. Лекарите рекоа дека ако не внимаваме сега, тој ќе има проблем во иднина“, изјави Клоп.