Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој ова лето направи трансфер во шкотски Абердин, утре нема да биде со својот нов тим на отворањето на сезоната во Шкотска. Неговиот тим утре гостува кај Питерхед во меч од Лига Купот на Шкотска, но во тимот на тренерот Џим Гудвин нема да биде и нашиот репрезентативен напаѓач.
„Миовски веројатно ќе биде со нас за една недела до 10 дена. Поминуваме низ слични предизвици како и со Рамадани во однос на документацијата и визите за сите играчи кои се надвор од Обединетото кралство. Има многу бирократија што треба да се помине, што е многу фрустрирачко. Уверени сме дека ќе го имаме Миовски во следните 10 дена. Пред нас се возбудливи времиња“, вели тренерот на Абердин.