МВП кошаркарот во НБА лигата за минатата сезона, српскиот центар Никола Јокиќ, синоќа потпиша историски договор со што стана најплатениот кошаркар во историјата на кошарката.
Српскиот кошаркар потпиша нов петгодишен договор со Денвер вреден 270 милиони долари, договор со кој српскиот ас стана рекордер во НБА лигата според годишната плата. Историскиот потпис популарниот кошаркар синоќа го прослави со своите браќа и пријатели со рафтинг по Тара, а вечерта се фати и на оро на големата веселба во негова чест.
Nikola Jokić, MVP @NBA poveo kolo oko vatre – ovako se slavi supermaks ugovor pic.twitter.com/lgXhbnuiOe
— kojic_sportski (@KSportski) July 9, 2022