Поранешниот шеф на Формула 1 рече дека ќе “прими куршум” за Путин, па се извинуваше!

207

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун ја шокираше британската јавност со своето интервју во кое не само што ја поддржа политиката на Владимир Путин, туку и изјави дека би примил „куршум“ за него.

Сега мораше јавнода се извини потенцирајќи дека не размислувал кога зборувал за Путин.

„Мислам дека луѓето често не размислуваат кога нешто зборуваат. Најверојатно истото го направив и јас. Свесен сум дека луѓето мислат дека го бранам она што се случува во Украина, но не е така. Не го заслужуваат тоа, не е добро за никого и не гледам каква придобивка би имал од сето ова. Мора да седнат и да се договорат. А мене, мене ми е жал доколку вознемирив некого, мојата цел не беше таква“, нагласи поранешниот шеф на Формула 1.

ПретходноВимблдон: Ѓоковиќ VS Кирјос, финале за уживање!
СледноМенаџерот на Јокиќ објави фотографија стара 22 години: Кратка приказна за судбината!