Рахим Стерлинг во следните 48 часа треба да ги помине медицинските прегледи во Челзи пред да го затвори трансферот од Манчестер Сити за 50 милиони фунти. Стерлинг го напушта стадионот „Етихад“ по исклучително успешните седум години каде му помогна на Сити да освои четири титули во Премиер лигата.
Англискиот репрезентативец претходно беше поврзуван со трансфер во Барселона, но Челзи направи голем притисок да го ангажира ова лето. Личните услови Челзи ги договорил со Стерлинг пред извесно време, а и двата клуба викендов ја финализирале сумата за трансферот. Челзи ќе плати околу 50 милиони фунти за Стерлинг, чиј договор со Сити истекува на крајот од сезоната.
Ако лекарските прегледи завршат до вторник, тој веднаш ќе му се приклучи на тимот кој моментално е на турнеја во САД.