Нова афера за местење тениски натпревари: „Местачите“ се играчи од ТОП 50 на АТП листата!

289

Германската телевизиска станица ЗДФ отвори нова обложувачка афера во светскиот тенис. Ако досега навикнавме актери на овие тениски „местенки“ да бидат тенисери од „вториот и третиот ешалон“ на светскиот тенис, овој пат обвинувањата одат многу повисоко кон врвот.

Русинот Аслан Карацев и Грузиецот Николоз Базилашвили се тенисерите кои ЗДФ ги сомничи дека учествувале во местење натпревари за остварување корист од спортско обложување. И двајцата се во ТОП 50 на АТП рангирањето. Карацев пред една година стигна дури и до полуфиналето на Австралија опен. Зад двајцата тенисери, новинарите на ЗДФ велат дека стои мистериозна фигура на белоруски тренер.

Јахор Јацик е белоруски тренер кој работел и со двајцата тенисери и кој наводно ги одредувал сумите кои тенисерите ќе ги добијат за местење натпревари. Тренерот го водеше Карацев од 2018 до 2021 година, а Базилашвили со него работел 18 месеци од 2013 година. Еден од изворите на ЗДФ сведочел дека Јацик со години се занимава со измами во обложувалниците, работејќи со местени натпревари во Русија и Источна Европа.

ПретходноФановите на Јунајтед во шок: „Киксерот“ Мегваер останува капитен!
СледноКристијано Роналдо и сагата околу него