Бихорац ја засили одбраната на Силекс

496

Српскиот интернационалец Фарук Бихорац е нов фудбалер на Силекс. Тој потпиша со кратовскиот тим едногодишен договор и дојде од Академија Пандев каде што играше минатата сезона. Инаку се работи за цврст бек висок 190 сантиметри, а претходно играл за многу српски клубови како Кабел од Нови Сад, потоа Нови Пазар, Железничар од Лајковац, Хајдук 1912, Јошаница како и во Вележ од Мостар.

ПретходноИграчите на Тотенхем не можат да го издржат темпото на Конте на тренинзите!
СледноНотингем се пофали со шестиот нов играч – си купи десен бек од Ливерпул