И официјално Детонит Плачковица, од кого се очекуваат големи нешта следната сезона во ВМФЛ, доби ново раководство.Имено претседател на клубот е Јовица Трајчев, поранешен наш познат фудбалер кој играл во Силекс, Вардар, Гент, Работнички, Милано, Брегалница.
На клупата останува Горан Здравков кој минатата сезона со одлична работа успеа со Детонит да избори опстанок. Тимот веќе работи 7-8 денови а за утре е закажана и првата пријателска, и тоа со српскиот Трајал во Пехчево.
Инаку нови имиња во редовите на Детонит Плачковица се Дарко Алексовски, Мартин Димовски, Јовица Радевски, Дејан Ангов, Стефан Бабунски, Зоран Андонов, Оливер Христов, Димитар Георгиев (голман), Аделин Казимов, Стефан Костовски.
Нема сомневање дека Детонит Плачковица ќе има респектабилен состав.