Енсар Љума (22) и официјално е нов член на второлигашот Воска Спорт. Охриѓани вечерва го промовираа можеби најголемо засилување во своите редови.
Љума е дете на Шкендија, минатата сезона како позајмен играч го предводеше нападот на Борец и на 27 мечеви постигна три гола и беше веројатно најдобриот поединец во тој тим.Има играно во ПМФЛ во дресот на Шкендија, а дел од кариерата ја мина и во Дрита Боговиње.
Инаку тој со Воска Спорт потпиша едногодишен договор.