Сагата е завршена, Барса се пофали со Калиниќ

147

Никола Калиниќ и официјално е нов член на Барселона. Каталонскиот гигант и Валенсија конечно се договорија, па за неговите услуги Барса ќе плати 500.000 евра, додека Црвена Звезда ќе добие 100.000 евра.

Српскиот кошаркар својата кариера ја почна во Спартак преку Нови Сад, Војдвоина и Раднички дојде во Црвена Звезда, по што го облече дресот на Фенербахче и Валенсија. Од шпанскиот клуб се врати во Црвена Звезда со која дојде до три титули.

Калиниќ потпиша двегодишен договор, тој е четвртото засилување во Барселона ова лето, откако претходно во клубот пристигнаа Јан Весели, Томаш Саторански и Оскар да Силва.

ПретходноХаџиевски се врати во ОАЕ, седнува на кормилото на Хата
СледноСимоновски со гол ја испрати Дрита на Нухији во 2. коло од Конференциската лига (ВИДЕО)