Mилан бесплатно го даде Кастиљехо во Валенсија

147

Италијанскиот шампион Милан се ослободи од крилниот фудбалер Саму Кастиљехо кого го врати во Шпанија. Кастиљехо пристигна на „Сан Сиро“ во 2018 година од редовите на Виљареал за 21 милион евра, а ако во првите три сезони почесто играше минатата сезона само пет пати беше во составот на Стефано Пиоли.
Бидејќи не е во плановите за новата сезона јасно беше дека ќе мора да си оди. „Росонерите“ го раскинаа договорот со тоа што му овозможија беспари да направи трансфер и со тоа „спасија“ барем три милиони евра колку што изнесуваше платата на играчот во последната сезона од договорот.
Кастиљехо со Валенсија потпиша договор до 2025 година.
Инаку Кастиљехо повторно ќе работи со Џенаро Гатузо кој му беше тренер во Милан.

ПретходноФилипо Инзаги има нов клуб
СледноСкопјанецот Златко Пијаковски стана милионер со милионер џек пот вреден 1.594.028,00