Објавени детали од новиот голем трансфер на Барселона

432

Барселона и Лидс Јунајтед се договориле за трансфер на Рафиња на „Ноу Камп“. Англискиот клуб ја прифатил последната понуда на шпанскиот великан, па се отвора патот за преселба на бразилскиот крилен играч.
„Каталонците“ на Лидс ќе му платат 58 милиони евра плус уште 9 милиони во разни бонуси, па вкупната цифра се движи околу 67 милиони евра.
Фудбалерот ќе потпише договор до јуни 2027 година.

Па така Барселона и покрај финансиските проблеми успеа да најде начин како да ги победи Челзи и Арсенал во трката по овој фудбалер. Со тоа го завршува и третото летно засилување по Франк Кеси и Андреас Кристенсен кои дојдоа бесплатно.
Барса ќе го продолжи договорот со Осман Дембеле, а се чека и Роберт Левандовски да го комплетира трансферот на „Ноу Камп“.

ПретходноКулибали се договорил со Челзи за 4-годишен договор вреден 9 милиони евра по сезона
СледноЈокиќ доби замена – Џордан потпиша со Денвер