Досегашниот играч на тимот на Лидс, Рафиња и официјално се сели во Барселона. Во трансфер вреден 65. милиони евра бразилецот се сели на Ноу Камп во еден од најголемите трансфери кои овој клуб ги прави во последниот период.
Рафиња веќе во текот на денешниот ден би требало да се појави во Барселона на медицински прегледи, а потоа и официјално да биде промовиран.
Клубот веќе го најави неговото доаѓање преку социјалните мрежи.
Agreement in principle with @LUFC for the transfer of Raphinha
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 13, 2022