Официјално: „Кралевите“ ќе возат БМВ! (ВИДЕО)

513

Она што се најавуваше подолго време од денеска е и официјално. Германскиот гигант БМВ и Реал Мадрид потпишаа долгогодишен договор за спонзортство со што најголемиот фудбалски клуб во светот доби и тоа како сериозен партнер.

Да потсетиме дека досега Ауди беше фирмата која беше долги години спонзор на Реал Мадрид, но Флорентино Перез се одлучи за промена.

Ова значи дека, како што објавија од Реал Мадрид, сите фудбалери на машкиот и женскиот тим, како и кошаркарите на клубот, ќе можат да одберат некој од моделите на БМВ.

ПретходноХасани: Верувам и очекувам Шкендија да се пласира во следната рунда!
СледноЦрна Гора ја лансираше Македонија во 1/4 финалето!