Репрезентацијата на Финска е последниот противник на македонската младинска репрезентација до 19 години на престојното женско Европско пренство во одбојка кое ќе се одржи во Македонија.
Последната рунда од квалификациите кои завршија на почетокот на овој месец, ги комплетираа 12-те земји учеснички на завршницата на ЕП во Скопје која ќе се одржи од 27 август до 4 септември. Покрај Финска, последното слободно место за ЕП го пополни селекцијата на Холандија.
Финска се најде во групата „1“ во која е нашата репрезентација како домаќин на шампионатот, а покрај овие две селекции ќе бидат и репрезентациите на Полска, Италија, Словенија и Грција. Македонија на 27 август на отворањето на шампионатот за противник ќе ја има токму Финска.