Кристијано Роналдо ја добил најголемата понуда во историјата на фудбалот, пренесуваат португалските и шпанските медиуми.
Португалецот кој сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а за него се заинтересирани голем број фудбалски гиганти, како Баерн, Наполи и Челзи, деновиве добил астрономска понуда од богатите Саудијци.
Имено, неименуваниот клуб од Саудиска Арабија наводно му понудил неверојатни 300 милиони евра за две сезони на португалскиот суперстар. Од таа цифра 30 милиони би отишле во Манчестер Јунајтед, 20 за посредници, а останатите 250 би ги заработил „чисто“ самиот Роналдо. Тоа во превод значи дека Роналдо ако би ја прифатил понудта би заработил 125 милиони евра само за една сеозна мината на Блискиот исток.