Францускиот вицешампион Олимпик Марсеј се спрема за новата сезона во Лига 1 и за настап во Лигата на шампионите. Клубот од „Велодром“ го потврди шестиот трансфер ова лето, а нов член е централниот бек Шансел Мбемба кој доаѓа како слободен играч од Порто.
Фудбалерот роден во ДР Конго ја почна кариерата во Андерлехт, а потоа играше и за Њукасл и во 2018 година прејде во Порто. Откако му истече договорот со португалскиот клуб се договори со поранешниот француски и европски шампион.
Марсеј ги откупи Милик и Ундер, голманот Пау Лопез, играчот од средниот ред Матео Гендузи и бекот Исак Туре.