Почна светското атлетско првенство, Поп Арсова единствен наш адут

218

Денеска со квалификациите во неколку дисциплини стартуваше светското атлетско првенство во Јуџин, сојузаната американска држава Орегон. Шампионатот ќе трае до 24 август.
Македонија ќе има само еден преставник, а тоа е Адријана Поп Арсова која ќе настапи на маратонската трка конкуренција на 48 маратонки. Маратонската трка во женска конкуренција е на програмата на 18 јули со почеток во 15:15 по македонско време.
На Светското првенство во Јуџин ќе настапат вкупно 1.900 атлетичари од 190 држави.
Исто така СП во атлетика се пофали со побогат награден фонд од претходните Светски првенства. Така, победниците ќе добијат по 70.000 евра, оние кои ќе освојат сребро по 35.000, а бронзата ќе вреди 22.000 евра, соопшти Интернационалната атлетска федерација.
Победниците на штафетата ќе добијат 80.000 евра за златниот медал, 40.000 за сребрениот и 20.000 евра за бронзениот медал. Дополнителен бонус од 100.000 евра ќе заработат оние кои ќе постават светски рекорд. Вкупниот награден фонд во Јуџин е 8.498.000 евра.
На последното Светско првенство во 2019 година во Доха беа соборени два светски рекорди.

ПретходноМарсеј си донесе и централен бек од Порто
СледноМарез и Сити ја продолжија соработката