Интер е многу блиску до потпис со дефанзивецот на Торино, Глисон Бремер, објави новинарот Фабрицио Романо. Раководството на „нероаѕурите“ во понеделник ќе се сретне со претставници на торинскиот клуб и 25-годишниот Бразилец за да го склучат трансфер договорот и да го договорат датумот на медицинските прегледи на играчот.
Интер се обидува што побрзо да го ангажира Бремер за да избегне битка за играчот со Јувентус во случај Матијс де Лигт да го напушти клубот.