Дибиров со емотивно збогум: Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството!

2462

Тимур Дибиров ја заврши својата мисија во дресот на Вардар. После девет години минати во таборот на македонскиот тим дојде време за разделба, која секако не е лесна ниту за рускиот ракометар, кој во Скопје ги доживеа најубавите денови во својата кариера. Дибиров освои две титули во Лигата на шампиони, како и пехари во домашното првенство, Купот на Македонија и СЕХА-лига.

Откако ППД Загреб и официјално објави дека Дибиров е нивни член, тој се огласи на социјалните мрежи.

„Драги пријатели,веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас, ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршка, љубов и верба во мене!Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството!Сакам да Им се заблагодарам на Македонија,Скопје, Комити, навивачите,Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце“. 

ПретходноЧаирчани спиеле во Мекдоналдс, два дена се враќале од Гибралтар! (ВИДЕО)
СледноЧачиќ: Седлоски добро го знае Динамо, тој е наш, сепак ние ќе одиме понатаму!