Жоао Педро е нов напаѓач на Фенербахче

182

Тимот на Фенербахче следната сезона ќе биде посилен за досегашниот играч на тимот на Каљари, Жоао Педро.

Договорот е веќе подготвен, Педро ќе биде во Истанбул утре, и се очекува да биде промовиран како еден од новитетите летово во овој турски фудбалски гигант.

Овој 30. годишен бразилец неодамна доби право на настап за репрезентацијата на Италија, откако одигра и повеќе од солидно во дресот на Каљари, па го имаше и своето деби за „Азурите“. Претходно имаше настапи за Бразил но само во младинските категории.

 

ПретходноНа 13 мечеви во Европа нашите клубови само со две победи над хрватските
СледноОфицијално: Де Лихт во Баерн до 2027! (ФОТО+ВИДЕО)