Манчестер Јунајтед продолжува да гази во подготовките (ВИДЕО)

277

Манчестер Јунајтед продолжува со победите во рамките на подготовките за новата сезона. Под водство на новиот стратег, Ерик тен Хаг, „црвените ѓаволи“ го запишаа третиот триумф во низа.

Фудбалерите на Јунајтед денеска беа подобри од Кристал Палас со 3-1. Марсијал во 17. минута го отвори мечот, а по само три минути игра во вториот дел, Рашфорд зголеми на 2-0. Санчо беше стрелец на третиот гол, конечните 3-1 ги постави Џоел Вард 75. минута.

ПретходноЕлмас останува под Везув: Наполи ќе им каже “НЕ“ на Милан и Торино!
СледноШкупи добил 300 билети за вечерва, Динамо со фан-зона покрај “Максимир“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)