Поранешниот директор на РК Вардар и на кратко тренер, Едуард Кокшаров ќе биде предводник на тимот на Ростов Дон, откриваат руските медиуми.
Кокшаров после две години се враќа на ракометот, тој ќе биде замена за Томаш Главати, кој се пресели во Кристијансанд. Во времето на „црвено-црните“ имаше улога на тренер, откако раководството изрази незадоволство од работата на Писонеро.
Кокшаров ја предводеше и машката селекција на Русија на СП 2029 и ЕП 2020 година.