Фудбалска Германија е во шок. Имено на 85 години почина легендарниот германски фудбалер Уве Зелер, член на една од најславните генерации на таа земја. Зелер беше член на “панцерите“ од 1954 до 1970 година. Одигра 72 мечеви и постигна 43 голови. Сепак никогаш не го оствари својот сон, не стана светски првак со својата земја.
Целата својата кариера ја мина во тимот на Хамбургер за кого одигра вкупно 580 официјални мечеви и постигна дури 490 голови.
Важи за еден од најдобрите стрелци во историјата на Германија.