Серафимов со деби како стартер за МОЛ Фехервар во убедливиот триумф над Габала!

247

Никола Серафимов одигра квалитетни 90.минути за својот нов клуб МОЛ Фехервар, на денешниот меч од квалификациите во ЛК против Габала. Тоа беше негово деби, прв меч и тоа во Европа и тоа како стартер.

Да потсетиме дека нашиот репрезентативец ова лето направи трансфер од Залаегерсег во еден од најголемите клубови во Унгарија.

Инаку Серафимов и неговите соиграчи ја победија Габала со 4:1 и се речиси на чекор до пласман во следната квалификациска рунда во Лигата на Конференции.

ПретходноМартин Томовски останува во Вардар!
СледноДарвин Нуњез: Демек не знаел а тој на РБ Лајпциг му “стегна“ четири гола! (ВИДЕО)