Савичевиќ втор асистент, Хот во Топ 10 најдобри скокачи

274

По завршување на групната фаза на Европското првенство „Б“ Дивизија, двајца македонски репрезентативци добро котираат статисткички.

Лука Савичевиќ засега е втор најдобар асистент на ова натпреварување кое се одржува во Тбилиси. Ги одигра сите четири натпревари на кои подели вкупно 27 асистенции или во просек 6,8. Пред македонскиот кошаркар е членот на Швајцарија, Ребетез со осум асистенции во просек.

Во Топ 10 листата на најдобрите индивидуални остварувања се наоѓа и Амар Хот, кој е номиниран за МВП на ЕП „Б“ Дивизија. Хот е на петото место на најдобри скокачи. На четири меча оствари 32 скока или по осум во просек.

Македонија денеска (12:30 часот) против Естонија ќе бара пласман во полуфиналето.

ПретходноДанец ќе ја дели правдата на мечот Шкупи – Динамо во Скопје
СледноЛајлс со златен медал на 200 метри