Бојан Миовски конечно е дел од својот тим Абердин. Ја заврши процедурата околу добивањето на виза, работна дозвола, и се што се бара околу специфичната администрација во Велика Британија, и му се стави на располагање на стручниот штаб.
Откако ги одработи подготовките во Шпанија, репрезентативецот на Македонија мораше да се врати дома и да ја започне процедурата на вадење на документите. На голема среќа немаше поголеми проблеми, и тој од вчера е во Абердин. Клубот уште еднаш му оддаде огромна почит и му направи што се вели уште едно претставување.