Најдобриот македонски фудбалски арбитар, Александар Ставрев повторно е делегиран да ја дели правдата на еден од мечевите од квалификациите за Лигата на Шампионите. Ставрев заедно со своите помошници патува на дуелот Плзен – Хелсинки кој се игра следниот вторник на 26.јули.
Од друга страна пак, Игор Стојчевски е делегиран да суди на натпреварот од квалификациите за Конференциската лига помеѓу екипите на Динамо Батуми и Лех Познањ.