Во четврток на 28 јули, се играат реваншите од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Познато е дека Шкендија на првиот меч во Рига успеа со 1:2 да слави над Валмиера, додека Македонија ЃП играше против ЦСКА Софија дома без голови.
Тетовци реваншот ќе го играат од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. А главен судија ќе биде Кевин Кленси од Шкотска. Помошници се неговите сонародници Дејвид МекГичи, Шон Кар и Крег Напиер.
“Лавовите“ исто така на 28 јули (четврток), гостуваат во Софија. Реваншот против ЦСКА се игра на стадионот “Бугарска Армија“ со почеток од 19 часот. Главен судија ќе биде Дејвид Кот од Англија, додека него ќе му помагаат Јан Хусин, Ник Хоптон и Роберт Џонс.