Екипата на Јувентус го одработи првиот пријателски меч на турнејата во САД и синоќа со 2:0 беше подобра од мексиканскиот тим на Чивас.
Стрелци на головите беа Марко Да Граца, односно Матиа Компањон во игра која медиумите ја пренесуваат како доста задоволувачка.
Следен меч за тимот на Јуве е оној против Барселона на 27 јули, а три дена подоцна ќе се соочат со Реал Мадрид.