Откако во тимот на Барселона летово пристигнаа сериозни засилувања од типот на Левандовски, Рафиња, Кеси, според реномираниот шпански новинар Жерард Ромеро, следен кој пристигнува на Ноу Камп е ни помалку ни повеќе, туку дефанзивецот на Себиља, Џулс Кунде. Тој е мета на Челзи сиот овој период и јавноста веќе го одведе на Стемфорд Бриџ, но очигледно не е така.
Ромеро тврди дека Кунде со сигурност пристигнува во Каталонија, и дека Севиља и Барселона со сигурност имаат договор.
🚨NOTICIA @JijantesFC
Esta madrugada el Barça y el Sevilla han llegado a un principio de ACUERDO por Jules Kounde.
Operación cerrada en un 99%, salvo cataclismo en las próximas horas el central del Sevilla será culer#JulesKoundeSeráCuler pic.twitter.com/MMBrvV4lRZ
— Gerard Romero (@gerardromero) July 23, 2022