Премиер лигашките ривали, екипите на Манчестер Јунајтед односно Астон Вила предмалку го одиграа својот пријателски натпреар во рамките од подготвителниот период летово, во кој одиграа 2:2.
Стрелци на головите беа Санчо во 25 минута за Јунајтед, а тимот од Олд Трафорд стигна до двојно водство откако Кеш си постигна автогол пред полувреме.
Во вториот дел Бејли намали на 2:1, во 49. минута, а Чембер ја спаси Астон Вила од пораз во последните секунди од мечот.