Триумф за Данецот: Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс! (ВИДЕО)

145

Иако се знаеше и пред денешната завршна етапа, која се возеше низ улиците на Париз, сега е и официјално. Јонас Вингегард од Данска е победникот на Тур де Франс за 2022 година. Тој не му дозволи на Словенецот Тадеј Погачар да направи хет – трик, па така Словенецот ќе мора да се задоволи само со второто место на најпрестижната велосипедска трка во светот.

Значи Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс и тоа сосема заслужено. Како трет во генералниот пласман заврши Британецот Герејнт Томас.

Вингегор забележа севкупно време од 79.33`20“ часови. Погачар заостана 2`43“ минути, додека Томас заостана зад победникот 7`22“ минути.

Да кажеме дека последната етапа, онаа најатрактивната, што се возеше денеска по улиците на Париз, му припадна на Белгиецот Јаспер Филипсен.

ПретходноПерез, Лапорта и Ањели на пријателска вечера во Лас Вегас!
СледноЏим Гудвин – тренер на Абердин: Миовски само со два тренинга покажа дека е одличен напаѓач!